Плимонт - За Нас

За нас


 

Плимонт Дооел  е водечка компанија во областа на автогасните уреди, која со своите активности учествува со над 50% од овој сегмент на пазарот во Република Македонија.

Основна дејност на компанијата е увоз, дистрибуција, вградување и одржување на автогасни системи.

Плимонт Дооел од основањето до денес е со седиште на ул. Радован Ковачавиќ бр.63, во населба М.А.Ченто.

Автогасниот центар на Плимонт е комплетно опремен за дијагностика и сервисирање на автогасни системи и на моторни возила, со професионален и искусен персонал со 18 годишно искуство во вградување на автогасни уреди.

Во почетокот на 2015 година започна со работа нашата специјалирана продавница за делови за автогасни уреди на ул. Владимир Комаровбр.1А,  Локал-1 (до Железничка Станица Скопје).

Плимонт од 2004 година е дистрибутер и овластен сервисер за Италијанскиот производител на автогасна опрема, групацијата Landi Renzo S.p.A. Посебно сме горди на успешното претставување на производите на компанијата Landi Renzo S.p.A -најголемиот светски производител на автогасни уреди, и со фактот што  уредите на Landi Renzo се далеку најпродавани на македонскиот пазар.

Тоа што компанијата Плимонт го смета за успешно исполнета цел е промовирањето на автогасот како еколошко и економично алтернативно гориво.

Денес токму благодарејќи на свесноста на возачите за придобивките од употребата на автогасните системи, може да се каже дека и во Македонија успешно се следи европскиот тренд на се поголема употреба на ова еколошко гориво.