Автогасни Уреди

автогасни системи

 



Оптимален автогасен уред за нашиот пазар

Често пишувавме за изборот на плински уред, од аспект на клиентите кои избираат тип на плински уред за своето возило.
Сега се осврнуваме на еден малку поинаков избор на плински уред, поточно како ние одбравме партнер кој ќе не снабдува со опрема за алтернативни горива, поточно кој плински уред Плимонт ќе го одбере за стратешки.

Важно е следењето на информации од меѓународни институции кои изработуваат студии и известувања за пазарот на автогасни уреди, кои периодично се публикуваат за потребите на инвеститорите на берзите, автомобилската индустрија  и економските аналитичари. Тука можеме да ги вброиме извештаите на Mediobanca Securities, Companies Annual Report Euro Rebased, Frost &Sullivan, Citigroup....Следењето на овие извештаи дава слика за пазарното учество на компаниите од автогасниот сектор, нивниот потенцијал, достигнато технолошко ниво, гама на производи итн
Извештаите  меѓу другото се однесуваат на применетите материјали и технологија, што за нас претставува дополнителна сигурност во однос на квалитетот на уредите кои ги употребуваме.

Кога ја започнувавме  потесната соработка со Ланди Рензо во далечната 2006-та, Плимонт веќе беше фирма со огромно искуство и добра информираност и поврзаност со сродните фирми од регионот. Со други зборови, веќе знаевме кои предуслови треба да ги исполнува брендот  кој ќе го застапуваме на македонскиот.пазар
Од друга страна, тоа беше време кога се менуваше трендот на побарувачка за плински уреди, и за разлика од времето кога корисници беа претежно сопственици на постари возила, веќе доминантна стана побарувачката за вградување во нови возила.

Ланди Рензо во овој сегмент е во предност пред другите производители заради неговата соработка со производителите на возила (ОЕМ), со некои од нив на светско ниво (Volkswagen ,Fiat, Renault, Peugeot, Citroen, Opel, Dacia, Toyota, MINI, Nissan) а со некои на регионално (BMW за Италија, Chevrolet за Германија...).

sorabotka so OEM (proizvoditeli na vozila)

 

Со групацијата General Motors заеднички развиваат технологија за водороден погон:

vodorodni kelii


Клучен фактор кој влијаеше на нашето мислење беше извештајот на Mediobanca Securities

пазарно учество на производите

 

- Беше важно да се одбере производител со долга традиција, што е своевидна гаранција за неговата стабилност и натамошно одржување на пазарот. Ланди Рензо е производител на уреди за алтернативни горива од 1954 год, со долг период на опстојување на пазарот и со своите брендови е водечка сила  во автогасната индустрија

 

Во 2008 година го купува Lovato SpA. Промените кои настанаа по ова превземање се предмет на извештајот на Companies Annual Report Euro Rebased од 2008 година 

споредба на трите најдобри компании

 

Во 2010 година излегува и студијата на Frost &Sullivan

 

цел и обем на проектот

 

методологија и истражување

 

Топ 7 факти за глобалната LPG/CNG индустрија

 

компаративна анализа

 

анализа на удел во пазарот

 

анализа на удел на пазарот

 (*извадок од студијата) 

- Информациите кои доаѓаат од наши колеги од регионот кои соработуваат со импортери на нови возила, ни даваат слика за прифатеноста и рејтингот на одредени брендови и типови на уреди. Од тој аспект, во регионот на Југоисточна Европа најбарани се Ланди Рензо, Ловато и БРЦ.

- Потоа, важен фактор е достигнатото ниво на технолошки развој. Всушност и големата предност пред останатите производители на плински уреди Ланди Рензо ја направи во почетокот на ерата на секвенционалните плински уреди, сосем нова технологија каде што до израз дојде сериозноста во развојот на новата генерација на плински уреди и способноста да се произведе цела гама на секвенционални уреди.

- Глобалното присуство на брендот - моќен производител со раширена мрежа на дистрибуција, а не мала фирма која сеуште е во фаза на првите чекори на пошироко меѓународно присуство
Глобалното присуство значи лесна и брза достапност на резервни делови, што е предност на големите производители кои преку мрежата на дистрибутери имаат добра покриеност со сите потребни делови за одржување на уредите.Бенефитот од ова го чувствуваат клиентите кои секогаш се навремено услужени

- Логистичка поддршка од страна на производителот. Се среќаваме со најразлични типови на возила, некои од нив се многу чести а но има и  ретки модели кои доаѓаат во Плимонт не почесто од 1-2 возила во текот на годината. За да бидеме во состојба да примиме за вградување на плински уред најразлични модели на возила,  важна е логистичката поддршка од страна на техничката служба на производителот, без чии информации нема да бидеме во можност квалитетно и со сигурност да го услужиме клиентот. Ова посебно се однесува на нови модели на возила. Плимонт има соработка со поголем број на увозници на нови возила, и при пристигнувањето на новите модели добредојдени се информациите за нив кои ги обезбедува Ланди Рензо. 

 

возила со 0.0км / плимонт 

возила со 0.0км / плимонт 

возила со 0.0км / плимонт

возила со 0.0км / плимонт
 

возила со 0.0км / плимонт
 

возила со 0.0км / плимонт
 

возила со 0.0км / плимонт
 

возила со 0.0км / плимонт
 

возила со 0.0км / плимонт 

возила со 0.0км / плимонт 

возила со 0.0км / плимонт 

возила со 0.0км / плимонт 

возила со 0.0км / плимонт
 

возила со 0.0км / плимонт 

возила со 0.0км / плимонт 

возила со 0.0км / плимонт 

возила со 0.0км / плимонт

возила со 0.0км / плимонт 

возила со 0.0км / плимонт 

возила со 0.0км / плимонт

возила со 0.0км / плимонт 

возила со 0.0км / плимонт
 

возила со 0.0км / плимонт
 

возила со 0.0км / плимонт


Ланди Рензо во своите моќни тестни постројки има капацитет за испитување на голем број на возила. Резултатите од овие испитувања се патоказ за работењето на сервисите за вградување на Ланди Рензо уреди, врз основа на нив се примаат возила за вградување на уред, или се укажува на евентуални специфичности или отстапувања по вградување на плински уред, доколку тоа се очекува кај некој модел.

- Покрај стандардните монтажи на плински уреди, и порано и сега, наша пракса е да се следи и документира функционирањето на разни типови на уреди, со цел да се добијат практични информации за нивното функционирање во наши услови на возење.  Следењето на уредите воглаво се концентрирани на:
   - перформанси на уредот
   - колку техничките решенија на производителот се покажуваат практични
   - колку е лесна употребливоста на плинскиот уред  за возачот
   - трајност на компонентите
   - потреби за сервиирање
   - колку се високи трошоците за одржување

Посебно внимание треба да се обрати на типот на секвенционален уред кој Плимонт мора да го одбере за 2012 година. Трендот на голем интерес за вградување на плински уред, кој во Плимонт го бележиме во последниве години, предизвикува и зголемувањето на бројот на возила кои се возат на плински погон, што во иднина може да предизвика проблеми заради потребата за нивно одржување. Зголемувањето на персоналот за одржување е тешка одлука, персоналот не само што треба да има посетувано специјални обуки туку мора да има и огромно искуство во решавање на евентуалните проблеми кај возила со вграден плински уред.

Ланди Рензо има широка палета на секвенционални уред:
  -   Landi Renzo Omegas (54.500 ден / 886 eur)
  -   Landi Blu (36.600 ден / 595 eur)
  -   Landi Plus Max (33.200 ден / 540 eur)

препорачуваме:
  -   Landi Renzo Evolution (33.200 ден / 540 eur)