Занимливости

Занимливости

Ланди Рензо на Ferrara Balloon Festival


Еко-орржливоста е едно од прашањата од најголемо значење за Landi Renzo SpA, светски лидер во производство на алтернативни ЛПГ и ЦНГ компоненти и системи за моторни возила. Компанијата учествуваше во серија на настани во текот на 2008 година, вклучувајќи го и Ferrara Balloon Festival, водечкиот Италијански Фестивал фокусиран на еколошките прашања (над 350.000 посетители во 2007 год). Ланди Рензо е „официјален партнер“ на настанот, и зема учество преку сопствен штанд во комерцијалниот дел, обележан со „Ланди Рензо балон на топол воздух“, достапен за летови, и преку обновениот ”Fiat 500 Flower”, презентиран на Ekomondo 2008 (Rimini) и на 2007 Motor Show. Четвртото издание на фестивалот се одржа во Giorgio Bassani Park, со бројни натпревари и настани, како и над 40 балони на топол воздух.

галерија

Ланди Рензо испорачува 24 Фиат 500 “Flower”

Еко-одржливост, заштеда и слобода на движењето, се концептите врз кои Ланди Рензо СпА, светски лидер во производство на алтернативни ЛПГ и ЦНГ компоненти и системи за моторни возила, ги базира своите комуникации. Проширувајќи ја оваа стратегија до својата мрежа на продавници и сервиси, компанијата на 15 Јули ќе испорача 25 Фиат 500 “Flower” возила во Corte Tegge. Овие возила ќе бидат идентични на возилата кои беа прикажани на Eco Test одделот на 2007 Motor Show. Дополнителни 16 возила ќе бидат испорачани во Септември. Фиат 500 “Flower”, претставен во текот на 2008 на многу саеми и други настани, постигна голем успех како кај публиката така и кај медиумите, и всушност го инспирираше креирањето на виртуелното „евер-грин“ возило, употребено во анимацијата на веб-сајтот на www.landi.it, за рекламната кампања 2008, и за видеоклипот кој ја спонзорира последната тура на италијанскиот кант-автор и рапер Џованоти. Можете да го гледате видеото преку видеогалеријата на прец-одделот на вебсајтот: www.landi.it. Возилата, кои ќе бидат испорачани до продавниците и сервисите на Ланди Рензо мрежата се конвертирани и на ЛПГ погон со употреба на ремек-делото Ланди Рензо Омегас Плус мултипоинт секвенционален инџексион систем.

видео


Ланди Рензо на 2-риот Светски саем за возила на Природен Гас и Хидроген

Landi Renzo SpA, светски лидер во производство на алтернативни ЛПГ и ЦНГ компоненти и системи за моторни возила, беше присутен на 2-риот Светски саем за возила на Природен Гас и Хидроген, кој се одржа во Turin, Италија од 25 до 27 Септември 2008, во двојна улога, како Излагач и како Сребрен Спонзор (Павиљон 1, Lingotto Fiere). Овој интернационален настан, на кој влезот е бесплатенм брои 100 изложувачи од 20 земји од целиот свет. Штандот на Ланди Рензо (B5-B6) ги претстави технолошките иновации на компанијата кои се однесуваат на системите на природен гас и на проектите поврзани со развојот на хидроген (General Motors го одбра Landi Renzo за свој технолошки партнер во развојот на мехатронските компоненти за технологија на горивни ќелии).

Ланди Рензо на Аутомеханика 2008

Landi Renzo зема учество на 20-тото издание на Аутомеханика, биенален автомобилски настан кој се одржа од 16 до 21 Септември во саемскиот центар во Франкфурт (Германија). Оваа година Аутомеханика, која се одржува од 1971, се фокусира на глобалното затоплување и на солуциите кои автомобилскиот сектор ги нуди за намалување на ефектот од штетните издувни гасови, посебно од CO2. Овој настан, кој е од централно значење за целиот сектор, прикажа над „4.600 изложувачи“, презентирајќи ги нивните иновации на над „160.000 професионални посетители“. Landi Renzo, светски лидер за ЛПГ и ЦНГ системи за моторни возила и активен поддржувач на одржливата подвижност, зема учество на настанот преку изложбен простор (G25, Хала 3.0) поставен во соработка со Med S.p.A, компанија која е дел од Landi Renzo Grup.

Ланди Рензо на Екомондо 2008

Landi Renzo SpA, светски лидер во производство на алтернативни ЛПГ и ЦНГ компоненти и системи за моторни возила, зема учество на 12-тото издание на Екомондо, меѓународен саем фокусиран на надоместување на материјалите и енергијата, како и на одржливиот развој, кој се одржа во Саемот во Rimini од 5 до 8 Ноември 2008 година. Како активен поддржувач на еко-одржливата мобилност, Ланди Рензо беше присутен на Екогас Конзорциумот и исто така во голем дел учествуваше на штандот ”Vetrina delle Sostenibilita” комуникациска структура преку која регионалните авторитети на Emilia Romagna ги промовираат технологиите и производите кои го придвижуваат напред одржливиот развој. Екомондо 2008 прикажа широка палета на технологии, системи, опрема и услуги наменети за решавање на комплексните и специфични проблеми на животната средина, област во која Ланди Рензо неуморно работеше изминатите децении.

Ланди Рензо со „Да Винчи Институтот“ на Шел Еко Маратон

Ланди Рензо ќе биде главен спонзор на „Леонардо да Винчи институтот во Капри“, кој втора година по ред учествува на интернационалниот Шел Еко Маратон натпревар на еколошки возила, со своето возило на хидрогенско гориво ”Escorpio” (http//escorpio.itisvinci.com). Натпреварот ќе се одржи во Ногаро (Франција) од 22 до 24 Мај. Спонзорството е инспирирано од заедничката цел да се прифати предизвикот за добивање на одржлива мобилност. Ланди Рензо, светски лидер во областа на алтернативните ЛПГ системи и системи на пророден гас, е вклучен во повеќе важни технолошки партнерства во областа на возила на водороден погон. Капри институтот и неговиот ”ZeroC Tim” се стремат да ги подобрат одличните резултати кои ги остварија минатата година, кога поминаа 942 km со 1 литар водород / бензин еквивалент, завршувајќи како први меѓу италијанските возила. На трката во 2008 год. ќе можат да се видат 200 тимови на стартната линија, меѓу кои 8 се италијански. Настанот се одржува секоја година започнувајќи од 1985 год. со цел да се охрабрат младите луѓе да излезар со иновативни пристапи кон одржливата мобилност, и да понудат одличен пример на соработка помеѓу универзитетите и индустријата.

Ланди Рензо СпА ја спонзорира Сафари турнејата на Џованоти

Ланди Рензо со ентузијазам го превзема спонзорството на „Сафари турнејата на Џованоти“, бидејќи со овој пеач компанијата го дели истиот интерес за прашањата на животната средина. Со учество од околу 25% од пазарот, Ланди Рензо СпА, светски лидер во производство на алтернативни ЛПГ и ЦНГ компоненти и системи за моторни возила, е заведен во „Star Сегментот“ на Берзата за Хартии од Вредност од Јуни 2007. „Сафари Турнејата“ произведува „НУЛА CO2 емисија“. Количеството на CO2 произведено на секој концерт ќе биде израчунато и ќе се компензира со проекти за пошумување во провинциите во кои се одржуваат концертите. Овој проект поседува и практична и симболична вредност, истражувајќи нови форми на совесна потрошувачка на енергија, и работејќи кон иднина во која зачувувањето на еколошкиот баланс ќе биде задолжителен за секоја земја и секој бизнис. Ланди Рензо СпА константно работи на промоција на свесноста за еколошка одржливост и верува дека зголемената свесност за ова прашање меѓу младите е клуч за осигурување на еколошката иднина. Блискоста на компанијата до ставовите на Џованоти за екологијата го направи ова партнерство можно или подобро речено, „природно“!

Учество на Светскиот Пазар на ЛПГ и ЦНГ Производителите

Светскиот пазар на ЛПГ и ЦНГ алтернативните горивни системи е доста консолидиран, бидејќи трите основни учесници (Ланди Рензо, Ловато, BRC) заедно поседуваат 50% учество на пазарот. - Ланди Рензо е светски лидер со 23% пазарен удел и присуство на клучните пазари – постепено се здобива со меѓународни производствени бази на пазарите за автогасни китови низ целиот свет. - Конкурентите се претежно италијански производители, со исклучок на Fuel Sistems Solutions компанија од САД, која управува со вториот по големина учесник на италијанскиот пазар, “BRC” (Италија), со 17,5% удел на пазарот за автогасни ЛПГ и ЦНГ системи. - Ловато (исто така Италијанска компанија) е трет на пазарот со 9,5% пазарен удел. Во некои земји, пазарот е доминиран од еден единствен учесник (Ланди Рензо во Пакистан и Pessos во Бразил, држејќи повеќе од 45% пазарен удел), додека во други земји пазарот може да се одреди како консолидиран (Оталија, Франција, Турција). Во трети земји, има многу мали локални учесници и пазарот може да се определи како фрагментиран (Русија, Индија, Кина, Германија). Покрај тоа, учесниците на пазарот варираат во зависност од големината, местоположбата, стратегијата и производствената гама. 

ЛПГ и Вашиот бизнис

Во високо компететивното комерцијално опкружување, на Вашиот бизнис му е потребна секоја помош која може да ја добие. Затоа, одржувањето на трошоците на апсолутен минимум е повеќе од добредојдено. Употребата на ЛПГ автогасот како погонско гориво во вашите возила може значително да ги намали трошоците на вашиот бизнис и да ви даде предност пред вашата конкуренција. Во време на високи цени на бензинот многу компании немаа друг избор туку мораа да ја префрлат зголемената цена на горивото на трошок на своите клиенти. Префрлувањето на автогас значи дека нема да морате да пристапите кон зголемување на цените што може да направи голема разлика меѓу Вас и Вашата конкуренција. Автогасот вообичаено е 50% поефтин од безоловниот бензин, што значи дека ќе заполнете да заштедувате пари уште со првото полнење гориво на ЛПГ пумпа. Притоа, колку е поголема колометражата која ја поминуваат возилата, толку е поголема и заштедата. За обрачунување на заштедата со употреба на ЛПГ, употребете го калкулаторот кој се наоѓа на нашата веб страна.

Партнерство за производство на хидрогенски погон помеѓу Џенерал Моторс и Ланди Рензо

Ланди Рензо со гордост објавува дека ќе се формира стратешко партнерство со Џенерал Моторс за работа на производство на возила на хидрогенски (водороден) погон. Изборот на Џенерал Моторс го признава знаењето на Ланди Рензо во областа на еколошки прифатлива мобилност и вредноста на истражувањата во областа на хидрогенското гориво. Ланди Рензо ќе развие и индустриски ќе изработува „мехатронички компоненти“ кои првенствено ќе служат за снабдување на „ГМ Гпривните Ќелии“ со потребното количество на хидроген.