Сервис

Сервис
Формулациите „само кај нас“, и „само нашиот плински уред“ станаа задолжителен декор при презентирањето на понудата на плински уреди.


Секвенциналните плински уреди се произведуваат веќе подолг период, технологијата која е применета кај нив веќе не е нешто ново или тајно, така да сите реномирани производители применуваат исти или слични решенија, а самите уреди, барем на хартија, ги поседуваат истите опции и перформанси.

Така при презентацијата на уредот, формулацијата „само кај нас“ или „само нашиот уред“ за упатените е само излитена маркетингшка фраза.

Но за просечен возач заинтересиран за плински уред, кој не е информиран како луѓето кои се поврзани со оваа дејност,  внесува несигурност  и се доведува во дилема дали воопшто да вгради плински уред во своето возило кога некој го убедува дека од 100-тина компании кои произведуваат плински уреди само една знае што прави.
Вистинската разлика меѓу уредите всушност е во постигнатиот квалитет во прозводството на плински уреди и опрема, и во постпродажната поддршка која компанијата ја обезбедува за клиентите кои ги користат нивните производи.

Брендовите кои во моментов се водечки, својата позиција ја постигнаа пред се преку константното вложување во развој и оптимизација  на плинските уреди, кои мора да го следат развојот на автомобилските мотори, и преку развиена мрежа на сервиси кои функционираат спрема однапред определени правила и стандарди на компанијата.

Благодарение на интернетот денес  пристапот до информации е брз и едноставен, и мошне лесно ќе пронајдете  НЕЗАВИСНИ анализи, студии и рангирања на производителите на автогасни уреди и опрема,  кои ќе Ви дадат реална слика за понудата и ќе Ви помогнат при изборот на соодветен плински уред за вашиот автомобил.

Една од таквите студии е таа на Фрост и Саливан. Всушност Компанија Фрост и Саливан се занимава со глобални економски анализи и консалтинг, истражување и анализа на пазарот, специјализирана е за индустриски советодавни услуги, со 50 години искуство и е советник на над 1000 компании ширум светот, со свои канцеларии во 40 земји на 6 континенти.



Врз основа на договорите на Landi Renzo со производителите на возила , како и врз основа на  реномето и искуството на Плимонт, импортерите на нови возила кои нудат опција за купување на нов автомобил со вграден плински уред или вградување на уред во гарантен рок, одбраа да соработуваат со Плимонт при реализација  на своите ЛПГ (плин) програми.
Во моментов течат три рекламни кампањи кои се медиумски покриени и во кои се нудат нови возила со ЛПГ погон, на:
-   SKODA (Порше Македонија)
-   FIAT      (Аутомобиле СК)
-   CITROEN  (Авто нова)

Во сите три кампањи учествува Плимонт. Покрај овие брендови, под одредени услови, можете да набавите нови возила со вграден плински уред од типовите Volkswagen, Seat, Renault, Dacia, Ford, Lada, Peugeot, Kia, DFM, Opel, Chevrolet...
Така, покрај тоа што Landi Plus Max е далеку најпродаван уред во Македонија за последните 2 години, тој учествува со 95% кај новите возила кои купувачите ги набавуваат со вграден плински уред.


Во однос на темпото со кое пристигнуваат новитетите кај нас работите денеска се дијаметрално спротивни од тоа што се случуваше пред повеќе од  две децении. Во тогашната СФРЈ секоја новина доаѓаше со 5-6 години задоцнување.
Моментната ситуацијата е поинаква - достапноста на новите уреди е иста и тука и во западна европа, дури производителите на автогасна опрема се повеќе новите модели на плински уреди ги промовираат во т.н. пазари во развој, од каде црпат информации и искуства пред да се промовираат на пазарот на ЕУ.

Плимонт е најголемиот снабдувач на автогасна опрема во Македонија и ја обезбедува целокупната палета на производи и услуги со врвен квалитет потребни за конверзија на возилата на гасен погон. Покрај тоа, обезбедува логистичка поддршка за сервисите кои се занимаваат со вградување на автогасни уреди во земјата, а за клиентите преку своите соработници обезбедува сервисирање на автогасните системи на целата територија на државата.

Плимонт е дистрибутер и овластен сервисер за Италијанскиот производител на автогасна опрема групацијата Landi Renzo.

Во текот на изминатите години, Плимонт го зацврсти водечкото место во областа на автогасните системи во Македонија, што е резултат на зголемување на довербата кај потрошувачите, константно вложување во подобрување на квалитетот и воведување на нови технологии на Македонскиот пазар.

ПЛИМОНТ, Скопје е водечка компанија во областа на автогасните уреди во Република Македонија. Плимонт ја одигра пионерската улога во воведувањето на автогасните системи во Македонија и во иднина можете да очекувате сите новини кои се промовираат на светскиот Пазар да ги најдете најпрво во Плимонт.