Факти

Факти


ANFIA (Италијанска асоцијација на автомобилската индустрија) обелодени известување наменето за EU GCC – invest automotive conference. Покрај податоците за состојбата на италијанскиот и светскиот пазар на автомобили, автомобилска опрема и резрвни делови, состојбата на италијанската автомобилска индустрија и нејзините развојни приоритети, извештајот на ANFIA издвојува 7 италијански компании како примери за постигната технолошка совршеност при развојот на нови производи, презентирани во 2013 година, меѓу кои е LANDI RENZO:

-Landi Renzo за развиената duel fuel (diesel+methane) технологија која дозволува конверзија на дизел мотори во мотори способни да оперираат на мешавина од дизел и метан.

Придобивки:

-                Помалку трошоци за гориво

-               Задржување на истата класа на емисии (каде се бара за HC, CO, NOx)

-              40-50% помалку PM10 од дизел

-                До 14% помалку СО2 емисија

-                До 40% помалку бучава

Извор: http://www.anfia.it/

http://plimont.com/ANFIA.pdf

ANFIA

----------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

 

Landi Renzo – глобалниот лидер во производството на автогасни уреди, е во постојан процес на развој на нови технички решенија кои ги следат новитетите во развојот на автомобилите. Како производител кој е поврзан со ОЕМ секторот (производителите на автомобили), голем дел од новоразвиените компоненти на автогасните системи на Landi Renzo се поврзани со специфичните барања на новата генерација на бензински мотори, кои се карактеризираат со постигнување на голема моќност од релативно мала зафатнина на цилиндрите.

Таков е случајот и со новиот регулатор на притисок Landi Renzo LI 10. Резултатот кој е добиен со новиот дизајн и конструкција на регулаторот LI 10 е стабилната подршка на новите софтвери на  Landi Renzo наменети за новата генерација на бензински мотори, софтвери кои се наменети да го регулираат функционирањето на автогасниот уред во инзворедно широк дијапазон на вредности кои ги бараат новите мотори.

Тоа овозножува стабилно и прецизно снабдување на моторот со потребните дози на ТНГ (плин), како во режими на возење при минимално оптеретување, така и при високи вртежи и полно оптеретување на моторот.

reduktor LI 10 / plimont


----------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Зошто ПЛИМОНТ?


Зошто Landi Renzo?



Капацитет: 1600 ВОЗИЛА НА ДЕН / годишна продажба: преку 1,2 милиони системи

Ланди Рензо е групација со, за нас несватливи бројки и лаборатории кои коштаат милиони евра.
Landi Renzo





Испитни Центри во кои ќе се симулира движење на возило на плински погон, каде после поминати одредени километри ќе се испитуваат деловите од возилото (вентили, лежишта на вентили, катализатор...), да се утврди дали има отстапување од пропишаните од производителот параметри и димензии. 
Landi Renzo






Лабораторија за испитување на влијанието на плинот (real gas LPG) врз различни елементи од уредите
Landi renzo







Новиот "Research and Development" Центар на Landi Renzo
Landi Renzo

 

Ланди Рензо е одбран за снабдувач на автогасни системи на сите поголеми производители на возила кои испорачуваат возила со вграден автогасен систем, меѓу кои BMW, Peugeot, Citroen, Fiat, VW, Renault,Dacia, Opel, Chevrolet, Seat, Nissan, Toyota. OEM Партнерство Landi Renzo S.p.A. веќе има соработка со некои од најважните производители на возила на меѓународно ниво. Комплексноста на електрониката на модерните возила резултираше со потреба од стабилна и продолжена соработка со призводителите на возила со цел да се дизајнираат и изградат системи кои совршено можат да бидат интегрирани со електониката и механиката на модерните возила. Соработката со овие производители се фокусира на некои модели направени за одредени пазари и нивниот број значително ќе се зголеми во блиска иднина. Landi Renzo S.p.A. создаде оддел посветен ексклузивно на производите на производителите на возила и во нив константно се инвестира. Во моментот Landi Renzo S.p.A. дава компоненти или целосни системи за некои од најголемите прозводители на возила.

И Тојота го одбра Ланди Рензо. Од сега има ЛПГ верзии на Aygo и Yaris


Ланди Рензо С.п.А., светски лидер во полето на еко-мобилност, котиран на STAR сегментот на Италијанската берза, ќе почне да ги снабдува Toyota моделите Aygo и Yaris во ЛПГ верзија, во продажба од 6 и 7 Март, на Отворениот Тојота Викенд. „Ланди Рензо“ – кажува Claudio Carnevale – „го поврза денеска својот бренд со еден од водечките производители на автомобили во светот. Тојота, свесна за важноста што ЛПГ опцијата има голема улога во изборот на крајниот корисник, сега нуди два успешни модела, Aygo и Yaris, на алтернативно гориво. Да се биде избран од Тојота како партнер во развојот и производството на своите возила на две горива е уште еден доказ за нивото на технолошки развој и за капацитетот на Ланди Рензо да развие комплексни програми како партнер на еден од главните производители на возила во светски рамки.“ ЛПГ погонот на двете возила, Aygo и Yaris е развиен за 1.0 мотор со рачен менувач. Основата на овој развој е технологијата Toyota Optimal Drive (TOD), со зачувување или подобрување на супериорните карактеристики и придобивките кои произлегуваат од неа: задоволството на возење, мала потрошувачка на гориво и ниско ниво на емисии. Единицата Toyota Optimal Drive 1.0 го потврдува својот извонреден талент дури и со ЛПГ снабдување, одржувајќи непроменети перформанси и покажува одлични резултати за нивото на CO2 емисии (101g/km за Aygo и 113g/km за Yaris). Заштедата на трошоци овозможена од ЛПГ е потврдена со следните податоци: Кај Aygo, ако се наполни со ЛПГ (помалку од 20 €) ќе се поминат преку 500 km, вкупно бензин+ЛПГ – преку 1.500 km, додека за вкупно бензин+ЛПГ за Yaris, преку 1.400 km. Ланди Рензо е светски лидер во секторот на компоненти и системи за ЛПГ и метан за моторни возила. Сместен во Cavriago (Reggio Emilia – Италија) и со повеќе од 50 години искуство во секторот, Ланди Рензо се каректеризира со постојан раст на приходите и на меѓународната активност, со присуство во преку 50 земји. Ланди Рензо С.п.А. е котиран на STAR сегментот на Италијанската берза од Јуни 2007 година. 

Партнерство за производство на хидрогенски погон помеѓу Џенерал Моторс и Ланди Рензо

Ланди Рензо со гордост објавува дека ќе се формира стратешко партнерство со Џенерал Моторс за работа на производство на возила на хидрогенски (водороден) погон. Изборот на Џенерал Моторс значи признавање на познавањата на Ланди Рензо во областа на еколошки прифатлива мобилност и вредноста на истражувањата во областа на хидрогенското гориво. Ланди Рензо ќе развие и индустриски ќе изработува „мехатронични компоненти“, кои првенствено ќе служат за снабдување на „GM Горивните Ќелии“ со потребното количество на хидроген. 

Landi Renzo SpA е избран за снабдувач со ЛПГ Системи на Fiat Group Automobiles

Landi Renzo SpA, светски лидер во еко-мобилноста, котиран во Star сегментот на Италијанската Берза, е избран за Снабдувач со ЛПГ системи на Fiat Group Automobiles. Компанијата со седиште во Turin, донесе одлука да ги искористи трендовите на пазарна побарувачка решавајќи во Јануари/Фебруари да презентира целосна линија на “bi-fuel” верзии на Bravo, Grande Punto и Panda. „Тоа што сме одбрани како партнер на Fiat Group Automobiles во развојот и производството на Fiat “bi fuel” LPG возила е уште еден доказ за технолошкото ниво на Landi Renzo Spa, и за нашата способност да развиеме комплексни програми како партнери на водечките светски производители на автомобили“, Изјави Претседателот на Групацијата, Стефано Ланди. Со ова, исто така се реафирмира желбата на производителите на автомобили да продолжат со понудата на возила кои имаат можност да користат почисти горива од гледна точка емисии на јаглерод диоксид и на штетни честички кои се опасни по чoвековото здравје. 

Договор помеѓу Landi Renzo и Nissan

Ланди Рензо и Нисан потпишаа договор за снабдување со ЛПГ инсталациони системи за моделите Micra и Note Последниве години, поголемиот интерес на јавноста за прашањата на животната средина и за редукцијата на емисиите на CO2, владиниот поттик за купување на возила со ниски емисии на загадување, сообраќајните рестрикции за возилата кои загадуваат, како и високите цени на горивата, ја сменија сликата на Италијанскиот Пазар, предизвикувајќи зголемена побарувачка за возила со погон на две горива. ЛПГ системот на Ланди Рензо, кој е инсталиран во ECO Micra и ECO Note е врвен синхронизиран секвенционален инџексион систем, кај кого времето на вбризгување на гасните инјектори е базирано на времето на вбризгување на бензинските инјектори, а контролата на моторот ја задржува бензинскиот компјутер. ЛПГ резервоарот во ECO Note (48 литри) се собира максимално 38,4 литри со просечна потрошувачка при комбиниран режим на возење од 17,8 километри со 1 литар (споредено со 16,9 km /бензин), дава автономија на ЛПГ погон од приближно 685 (споредено со 779 km на бензин). Со полнење на двата резервоара Note ќе може да помине 1465 километри без запирање. За ECO Micra, РДС вредностите за максимално полнење на ЛПГ резервоарот е 32 литри, и со потрошувачка од 17,5 километри / 1 литар при комбинирано возење (споредено со 16,9 km/ 1 литар бензин) дава автономија на ЛПГ од 560 km (споредено со 779 на бензин). Со ова Nissan е додаден на престижната листа на соработници, потврдувајќи го технолошкото водство на Ланди Рензо.

Проектот RFID TRACE на Landi Renzo е добитник на 2008 RFID наградата

„Проектот за следење“ на Ланди Рензо, кој користи технологија со радио фрекфенција, е добитник на 2008 RFID наградата доделена од “Karlo Kataneo -LIUC University of Castellanza & Cedites Studies Center”. Ланди Рензо ја потврдува својата посветеност на политиката на фокусирање кон задоволството на потрошувачот. По првиот сертифициран ИСО 9001 проект за својата мрежа на Авторизирани Сервиси и Продавници, која во моментов брои 270 сертифицирани единици низ цела Италија, во почетокот на 2008 лансираше уште еден иновативен проект поврзан со следење на производите. „Проектот RFID TRACE“ на Ланди Рензо, воведува апликативни и технички решенија во фазата на производство каде во секој кит се вметнува „RFID уред“ во кого се снимени идентификационите кодови од компонентите (креирајќи еден вид на црна кутија на системот). За време на фазата на инсталирање на системот, инсталатерот ги запишува информациите за возилото на „RFID уредот“, креирајќи уникатна врска со системот. RFID TRACE системот на Ланди Рензо ги користи снимените податоци за автоматско активирање на гаранцијата преку прашање на информации до порталот на компанијата. Понатаму, секој јој припаѓа на мрежата на авторизирани дилери може да ги чита податоците снимени на додатокот, како и да ги обновува по извршено сервисирање. Собраните информации се праќаат до веб-сајтот на компанијата, овозможувајќи на Ланди Рензо во било кое време да располага со сите информации кои се однесуваат на производите на компанијата. На овој начин, мрежата на авторизирани сервиси на Ланди Рензо во секое време може да ја има на увид историјата на било кој систем вклучувајќи ги и сите поправки кои биле извршени, како и идентификациските кодови на сите компоненти кои биле инсталирани. Благодарение на ова, сервисите се во можност да дадат уверение на возачите за квалитетот и оригиналноста на вградените компоненти при извршените поправки на системотм како и да го подобрат процесот на управувањето со резервните делови, да го направат процесот на управување со гаранциите ефикасен и делотворен преку редовно извршување на потребните работи за одржување на системот. Овој важен и иновативен проект на Ланди Рензо е добитник на 2008 RFID Наградата доделена од “Karlo Kataneo -LIUC University of Castellanza” во соработка со “Cedites Studies Center”, во категоријата за проекти за ланец за снабдување. Оваа награда го потврдува високото ниво на проектот и неговата ефикасност во исполнување на целите. 

OEM Партнерство

Landi Renzo S.p.A. веќе има соработка со некои од најважните производители на возила на меѓународно ниво. Комплексноста на електрониката на модерните возила резултираше со потреба од стабилна и продолжена соработка со призводителите на возила со цел да се дизајнираат и изградат системи кои совршено можат да бидат интегрирани со електониката и механиката на модерните возила. Соработката со овие производители се фокусира на некои модели направени за одредени пазари и нивниот број значително ќе се зголеми во блиска иднина. Landi Renzo S.p.A. создаде оддел посветен ексклузивно на производите на производителите на возила и во нив константно се инвестира. Во моментот Landi Renzo S.p.A. дава компоненти или целосни системи за некои од најголемите прозводители на возила.

Затоа што се безбедни!

- безбедни се како и бензинската инсталација во моторните возила, а во многу елементи се и побезбедни од неа. 
- се инсталираат во специјализираните авто-работилници.
- одобрени се и хомологирани од официјални меѓународни институции според најсовремените стандарди за безбедност и квалитет.
- стандардите за конструкција и производство на автогасните системи и резервоари се исклучително строги.
- сите елементи на автогасните системи се подложуваат на повеќекратни тестирања, проби и инспекции пред да се дозволи нивно вградување во возила.
- во Плимонт се вградуваат автогасни системи и опрема на италијанскиот производител LANDI RENZO, чии производи се индивидуално тестирани во согласност со барањата на системот за квалитет на компанијата кој е сертифициран според ISO 9001 во 1996 год. и според ISO/TS 16949 во 2001 год. од кои вториот е систем за квалитет употребуван во индустријата за моторни возила и кој поставува екстремно високи стандарди за квалитет.

Затоа што се Економични!

- финансиските предности на користење на автогас се преголеми за да можете да ги игнорирате, без оглед дали сте сопственик на приватно возило, поседувате мал бизнис или поголема флота на службени возила. -цената на автогасот (LPG) е во просек 50% пониска од цената на бензинот, така што со вградување на автогасен систем значително ќе ги намалите трошоците за гориво. - потрошувачката на ЛПГ, кај новите типови на автогасни уреди со директно вбризгување таа е речиси идентична како потрошувачката на бензин.

Затоа што се задржуваат перформансите на возилото!

- современите ЛПГ системи гарантираат одлични перформанси на моторот и практични нема промена во однесувањето на возилото. - кај последната генерација на ЛПГ системи, нема разлика во снага и брзина на возилото во однос на возење на бензински погон. - принципот на работа на овие системи е идентичен на бензиските системи на возилата. Накратко кажано, современите автогасни системи фунционираат како секундарен инџексион систем поставен во возилото. - возачот може да смета на истите перформанси кои возилото ги има кога работи на бензин.

Затоа што се Еколошки!

- со вградувањето на автогасен систем придонесувате за намалување на загадувањето на животната средина. - во издувните гасови на возилата кои како погонско гориво користат ЛПГ, присуството на штетни гасови е значително помало отколку во издувните гасови кај возилата кои користат бензин или дизел. - емисијата на Јаглеродни Оксиди кај возилата кои користат ЛПГ е 17% помала од возилата кои користат бензин. - присуството на Азотни Оксиди кај возилата кои користат ЛПГ е 50% помала од возилата кои користат бензин, и дури 20 пати помала од возилата кои користат дизел. - ЛПГ не содржи бензен или олово, најштетните субстанции во другите горива, и при неговото согорување не се создаваат ситни честички, кои се еден од главните извори на загадување во градовите. - благодарение на добрите еколошки карактеристики на возилата кои се движат на ЛПГ погон, во повеќе земји вградувањето на автогасни ЛПГ системи се промовира и се помага од страна на државата.

Затоа што се едноставни за одржување!

- возилата во кои е вграден автогасен систем немаат потрeба од посебен режим на одржување. Треба само да се почитуваат редовните сервисни интервали препорачани од производителот на возилото. -одржувањето на самиот автогасен систем се состои од промена на филтерот за гас на секои поминати 15,000 километри, и во преглед на системот кој се прави на секои 12 месеци. -сервисирањето и одржувањето на автогасните системи се прави во овластени сервиси од страна на стручен персонал што гарантира долготрајност на автогасниот состем и на возилото.

Затоа што го продолжуваат векот на траење на моторот!

- автогасот (ЛПГ) овозможува подолг век на експлоатација на возилото. - ЛПГ не содржи штетни адитиви кои ги има во бензинот, а кои го намалуваат траењето на моторот. - виталните делови на моторот се ослободени од наслагите кои на нив ги создава бензинот, како и од нагризувачкото дејство на адитивите кои ги има во него. - употребата на ЛПГ го продолжува векот на моторот од 30-50% во однос на мотор кој користи бензин, а на некои делови, како што е катализаторот и до два пати повеќе во однос на бензинот.

Затоа што е инвестиција која брзо се исплатува!

- инвестицијата во автогасен уред е вистински чекор кон растеретување на домашниот буџет, односно значајно намалување на трошоците во вашата компанија. - вложените средства во исталирање на автогасен систем се враќаат многу брзо преку преполовените трошоци за гориво за вашето возило, бидејќи цената на ЛПГ во просек е 50% пониска од цената на бензинот. - за автогасен систем од новата генерација Секвенционални ЛПГсистеми , враќањето на инвестицијата е веќе по поминати 12-14.000 километри (во зависност од цените на ЛПГ и бензинот). - искуствата на нашите клиенти кои плаќањето на автогасниот систем го направиле преку кредит или со кредитна картичка, ни укажуваат дека месечната рата за исплата на автогасот најчесто е помала од заштедата која ја оствариле благодарение на поефтиното возење на ЛПГ.

Затоа што се едноставни за управување!

- современите автогасни системи се целосно автоматизирани. - опремени се со компјутер кој софтверски го контролира системот. - го ослободува возачот од било какво додатно одвојување на внимание за управување со автогасниот уред. - стартувањето на возилото кое е опремено со автогасен систем секогаш е на бензин и потоа системот автоматски префрлува на гас по приближно 30 секунди, откако ќе се исполнат параметрите потребни за оптимална работа на моторот на гас. - во случај кога гасот ќе се потроши, автоматски ќе биде вклучен бензинот како погонско гориво. - количината на гас во резервоарот е индицирана на самото копче – прекинувач кое е поставено на шалт таблата.

 

Факти за автогас

Карактеристики на ЛПГ

Кратенката LPG значи Течен Нафтен Гас. Тој претставува пропратен производ при рафинирањето на суровата нафта, кој на собна температура и притисок е во гасна состојба. При притисок од 2 Бари, тој веќе е во течна состојба. ЛПГ, кој се користи како погонско гориво за возила, е мешавина од гасовите пропан и бутан, чии физички и хемиски својства овозможуваат одлични перформанси на возилото во смисла на снага, агилност и правилна работа на моторот. ЛПГ согорува без да остави карбонски остатоци во моторот, кои се одговорни за предвремено абење на моторот, го продолжува векот на свеќишките, вентилите и клиповите и ги сочувува својствата на моторот значително подолго време. При неговото согорување се ослободува значително помала количина на јаглерод монооксид, азотни оксиди и несогорени хидрокарбонати во однос на бензинот или дизелот, и при тоа не се создаваат ароматични хидрокарбонати, сулфур диоксид и штетни честички.

Карактеристики на Природен Гас

Метанот или Природниот Гас е највисоко рангиран меѓу еколошките горива, и кое го има во изобилство во природата. Всушност, Природниот Гас не сорджи никакви нечистотии, сулфур, оловни соединенија или ароматични хидрокарбонати, што резултира со екстремно ниско ниво на загадување преку издувните гасови, без мирис, честички и остатоци од согорувањето. Хемискиот состав на Природниот Гас предизвикува многу помала продукција на CO2 споредено со другите горива, а исто така го намалува уништувањето на Озонот во атмосферата.

Полнење на ЛПГ

Полнењето се врши со прикачување на посебно наменетиот пиштол за полнење, на полначот на возилото. Видот на овој полнач е различен од држава во држава (doking тип во Италија, bajonet тип во Холандија, ACME тип во Америка, Канада, Германија, Велика Британија, Ирска, Австрија и Белгија). Мулти-вентилот кој е поставен на резервоарот спречува полнење на резервоарот над 80% заради сигурносни причини.

Полнење на Природен Гас

Полнење на возило кое се движи на Природен Гас се прави со поврзување на цревото на дистрибутерот на вентилот за полнење кој е воглавно вграден под капачето или во близина на полначот за бензин. Во современите сервисни станици опремени со тежински-базирани системи за полнење, потребното време за полнење е 4-5 минути за возило од средна големина (резервоар од 80-100 литри). Постојат различни типови на полначи на пазарот кои се разликуваат од земја до земја.

Растојанието кое може да го помине возило на ЛПГ погон

Растојанието кое може да го помине возило кое се движи на ЛПГ зависи од големината на резервоарот кој е вграден во возилото. Типот на резервоар се одбора во зависност од намената за која ќе се користи возилото, односно дали е повеќе потребен багажен простор или поголемо поминато растојание со едно полнење на резервоарот. Доколку багажниот простор е главен приоритет, препорачуваме вградување на торусен (кружен) резервоар, кој се вградува во просторот во кој е сместено резервното тркало, така што товарниот простор на возилото практично останува непроменет. Ако земеме за пример возило кое поминува 10 km со 1l бензин, можеме да го направиме следниот прорачун со кружен резервоар со зафатнина од 40 литри, возилото приближно ќе може да помине 350 km. Ако е приоритет поминатото растојание, може да се вгради цилиндричен резервоар со кој возилото ќе поминува поголемо растојание, на пр. 600 km со резервоар со капацитет од 90 литри (ефективно 72 литри). Цилиндричните и кружните ЛПГ резервоари се достапни во различни димензии и зафатнини.

Растојание кое го поминува возило кое се движи на Природен Гас.

Растојанието кое го поминува возило кое се движи на Природен Гас зависи од големината на резервоарот кој е вграден во возилото. Ако земеме за пример возило кое поминува 10 km со 1l бензин, може да помине приближно 230 km со 90 литарски резервоар, што е еквивалент на 23 l бензин.

Безбедност на гасните системи

Системите кои се инсталирани во специјализирани авто-работилници се хомологирани од официјални институции според Европските стандарди. Сите Ланди Рензо производи се индивидуално тестирани во согласност со барањата на системот за квалитет на компанијата кој е сертифициран според ИСО 9001 во 1996 год и според ИСО/ТС 16949 во 2001 год. од кои вториот е систем за квалитет употребуван во индустријата за моторни возила и кој поставува екстремно високи стандарди за квалитет.

Безбедност на ЛПГ резервоарите

Хемиско-физичките спецификации на ЛПГ отсекогаш се земани во предвид при конструкцијата на резервоарите. Инспекцијата, тестирањата и пробите се многу строги, како што се и стандардите за конструкција на ЛПГ резервоарите, а исто така се строги и стандардите кои се однесуваат на цевките, вентилите и другите елементи од кои е составен системот. Само земете во предвид дека притисокот на ЛПГ внатре во резервоарот обично се движи помеѓу 3 и 10 бари, а резервоарите се хомологирани за притисок од 30 бари. Повторно, во фазата на хомологација, резервоарите се подложуваат на тестирање со хидрауличен притисок и тие не смеат да експлодираат се додека притисокот не достигне 67.5 бари. Резервоарите имаат животен век од 10 години од моментот на нивното инсталирање и потоа тие треба да се заменат. Новиот R67/01 стандард стапи на сила на 1-ви Јануари 2002 год. со чија примена дополнително се зголеми безбедноста на современите ЛПГ системи.

Безбедност на резервоарите за Природен Гас

Резервоарите за Природен Гас можат да гарантираат највисоко ниво на безбедност; всушност тие се подложуваат на најригорозни тестирања како за време на хомологирањето така и во текот на нивната експлоатација. Силната конструкција потребна за да можат да го издржат тестирањето на притисок од 300 бари и работниот притисок од 220 бари ги прави резервоарите екстремно отпорни на удари. Употреба на целосно испитани, високо доверливи компоненти, имплементација на сите предвидени методи во текот на инсталацијата за спречување на истекување на гас, дури и во случај на неисправност, и карактеристичните својства на Природниот Гас (висока температура на палење, можно палење само во мал интервал на мешање со воздух) се фактори кои играат значајна улога во корист на безбедноста. Природниот Гас е полесен од воздухот и тој не полегнува кон тлото во случај на истекување, туку се дисперзира во воздухот без да се акумулира во ниската атмосфера. Мислењата за безбедноста се исто така позитивни и во меѓународен размер. Испитувањата извршени од најважните институти за безбедност во светот (Bureau Veritas во Норвешка, EPA во САД итн.) за садови за Природен Гас секогаш давале резултати кои се повеќе од задоволувачки, покажувајќи одлична сигурност на овој тип на резервоари. Извештајот на Норвешкиот Bureau Veritas наведува дека ризиците поврзани со употребата на возилата на погон на Природен Гас не се поголеми од ризиците кај возилата на дизелски погон.

Конверзија на возила на гасен погон

Сите возила кои се движат на бензин со карбураторски систем, инџексион систем, инџексион систем со катализатор или најновите со коморно вбризгување можат да бидат конвертирани на гас. Доколку се решите да инсталирате систем на ЛПГ или Природен Гас во вашето возило, потребно е да се информирате во специјализирана авто-работилници кој тип на систем треба да се инсталира во вашиот тип на возило. Добрите перформанси на возилото на бензин и добро општо одржување се предуслови за добри перформанси на возилото на гасен погон. Возилата во кои треба да се вгради ЛПГ или систем на Природен Гас мора да бидат во добра општа систојба, што посебно се однесува на системот за довод на бензин и на системот за палење, посебно бобината, свеќичките и каблите.

Потребно време за вградување на автогасен систем

Инсталирањето на ЛПГ  (плин) или систем на Природен Гас во специјализираните авто-работилници воглавно трае од еден до три дена.

Какви се разликите во перформансите споредено со тие на бензин?

Современите системи на ЛПГ и Природен Гас гарантираат одлични перформанси на моторот и практично нема промена во однесувањето на возилото. Кај последната генерација на ЛПГ инџексион системи, разликата во снага и брзина на возилото во однос на бензинот е помала од 2%, додека кај инџексион системите на Природен Гас, разликата изнесува 10-15%.

Употреба на возило со вграден автогасен систем

Доколку е вграден систем на ЛПГ или Природен Гас, вашето возило и понатаму ќе може да се вози и на бензин. Возачот може да одбере тип на гориво со едноставно притискање на копчето за префрлување, кое е лоцирани на шалт-таблата на возилото. Едноставноста на употребата на гасните системи е загарантирана и со фактот дека, кај современите системи, стартувањето секогаш е на бензин и потоа автоматски системот префрлува на гас по приближно 30 секунди, откако ќе се исполнат параметрите потребни за оптимална работа на возилото на гас. По инсталирање на гасен систем, километражата која може да ја помине возилото практично се удвојува, благодарение на двата извори на снабдување со гориво на моторот.

Предности на ЛПГ

Најпрво, тука се погодностите од финансиска страна заради помалите трошоци за возење на ЛПГ во споредба со трошоците за возење на бензин. Цената на ЛПГ изнесува околу половина од цената на бензинот и веројатно за кратко време ќе ви се исплати инвестицијата во гасен систем и најбрзо ќе почнете да заштедувате пари, дури и ако растојанијата кои ги поминувате не се големи. Потоа, тука е користа за животната средина. ЛПГ не содржи бензен или олово, најштетните субстанци во другите горива, и при неговото согорување не се создаваат штетни честички, кои се еден од главните извори на загадување во градовите. Благодарение на добрите еколошки карактеристики, возилата кои се движат на ЛПГ погон можат да се употребуваат дури и кога постои рестрикција за движење за моторни возила заради високи концентрации на воздушно загадување, доколку тоа е во согласност со локалните регулативи.

Предности на Природниот Гас

Најпрво, тука се погодностите од финансиска страна заради помалите трошоци за возење на Природен Гас во споредба со трошоците за возење на бензин. Природниот Гас чини околу 70% помалку од бензинот. Веројатно за кратко време ќе ви се исплати инвестицијата во гасен систем и набрзо ќе почнете да заштедувате пари, дури и ако растојанијата кои ги поминувате не се големи. Потоа, тука е користа за животната средина. Природниот гас не содржи бензен или олово, најштетните субстанци во другите горива, и при неговото согорување не се создаваат штетни честички, кои се еден од главните извори на загадување во градовите. Благодарение на добрите еколошки карактеристики, возилата кои се движат на погон на Природен Гас можат да се употребуваат дури и кога постои рестрикција за движење за моторни возила заради високи концентрации на воздушно загадување, доколку тоа е во согласност со локалните регулативи.

Цена на чинење на ЛПГ систем

Цената на чинење на ЛПГ системот зависи од типот на возилото во кое системот треба да се вгради; дали возилото поседува мотор со карбуратор, со инџексион систем, инџексион систем со катализатор или  мотор со коморно вбризгување. Исто така, цената зависи и од типот на гасен систем кој ќе се вгради и кој може да биде со плочка – мешач, моно-поинт инџексион на гасната фаза или од последната генерација на мулти-поинт инџексион со електронски инјектори. Може да се јават и мали разлики во цената во зависност од типот на резервоар кој е вграден, на пример цилиндричните резервоари чинат помалку од торусните (кружните) кои се монтираат на местото на резервното тркало со што се постигнува да не се изгуби багажниот простор на возилото.

Цена на чинење на систем на Природен Гас

Цената на чинење на систем на Природен Гас зависи од типот на возилото во кое системот треба да се вгради; дали возилото поседува мотор со карбуратор, со инџексион систем или инџексион систем со катализатор. Исто така, цената зависи и од типот на гасен систем кој ќе се вгради и кој може да биде со плочка – мешач, моно-поинт инџексион на гасната фаза или од последната генерација на мулти-поинт инџексион со електронски инјектори.

Каква треба да биде состојбата на моето возило за да биде во ред да се префрли на гасен погон?

Добрите перформанси на возилото на бензин и добро општо одржување се предуслови за добри перформанси на возилото на гасен погон. Возилата во кои треба да се вгради ЛПГ или систем на Природен Гас мора да бидат во добра општа состојба, што посебно се однесува на системот за довод на бензин и на системот за палење, посебно високонапонските компоненти - бобината, свеќичките и каблите.

Дали по вградувањето на гасниот систем моето возило сеуште ќе може да се движи и на бензински погон

Доколку е вграден систем на ЛПГ или Природен Гас, вашето возило и понатаму ќе може да се вози и на бензин. Возачот може да одбере тип на гориво со едноставно притискање на копчето за префрлување, кое е лоцирано на шалт-таблата на возилото. Едноставноста на употребата на гасните системи е загарантирана и со фактот дека кај современите системи стартувањето секогаш е на бензин и потоа автоматски системот префрлува на гас по приближно 30 секунди, откако ќе се исполнат параметрите потребни за оптимална работа на возилото на гас. По инсталирање на гасен систем, километражата која може да ја помине возилото практично се удвојува благодарение на двојното снабдување со гориво на моторот.

 Инсталирање и Одржување Возилата конвертирани на гас

Имаат иста потреба од одржување како и возилата на бензински погон. Важно е да се придржувате кон распоредот за рутинско одржување на системот за палење. Специјално одржување не е потребно, препорачуваме да се следи распоредот за одржување од производителот на возилото, особено околу одржувањето на палењето и електриката. На секои 15.000 km проверете дали електриката работи исправно, дали конекторите се оксидирани и заменете ги свеќичките. Кај ЛПГ системите, потребно е на секои 30.000 поминати километри, вашиот инсталатер да проверува дали во редукторот има наталожено масло или друг талог, што може да е предизвикано од променлив квалитет на ЛПГ горивото. 

Својства на ТНГ

Двата течни нафтени гасови достапни во државата се Комерцијален Бутан и Комерцијален Пропан дефинирани во BS 4250. Согорувањето на ЛПГ дава јаглероден диоксид (CO2) и водена пареа, но мора да има доволно воздух. Неадекватна апликација на горивото и / или вентилација, или лоша мешавина воздух/автогас (на пример ако не се сервисира навремено) може да резултира со продуцирање на јаглероден монооксид. Сите на кои се однесува складирањето или ракување со ЛПГ треба да бидат запознаени со следните карактеристики и потенцијални опасности: А) ЛПГ се складира како течност под притисок. Скоро е безбоен и неговата тежина е половина од таа на еквивалентен волумен на вода. B) Испарувањето на ЛПГ е погусто од воздухот: бутанот е скоро два пати потежок од воздухот, додека пропанот околу 1,5 пати потежок од воздухот. Според тоа, пареата може да тече по земјата и во дупки, да падне на најниското ниво на околината и да се запали на поголема далечина од изворот на протекување. Во статичен воздух, пареата ќе се распрсне пополека. В) ЛПГ може да формира запаллива мешавина кога ќе се измеша со воздух. Запаливиот опсег при нормална температура и притисок се шири помеѓу 2% од пареата во воздухот во неговата најниска граница и 10% од пареата во воздух во неговата нависока граница. Во овој опсег постои ризик на палење. Подалеку од овој опсег мешавината е или премногу слаба за да се запали или премногу богата за да рашири оган. Сепак, пребогати смеси можат да постанат опасни кога ќе се разредат со воздух и може исто така да гори во интерфејс со воздух. На притисок поголем од атмосферскиот, горната граница на запалливост е зголемена, но оваа зголеменост со притисок не е линеарна. Г) Ако избегаат дури и мали количини на течен ЛПГ, тоа може да порасне до голем волумен на пареа / мешавина со воздух и ова создава значителна штета. Правилно калибриран експлозиметар може да се употреби за тестирање на концентрацијата на ЛПГ во воздухот. Отворен оган никогаш не треба да се користи да се провери дали некаде протекува. Д) Во многу високи концентрации во воздухот, ЛПГ пареата е анастетик и според тоа загушува со разредување или намалување на кислородот. Ѓ) На комерцијалниот ЛПГ обично му е додадена миризба пред да се пушти во дистрибуција, за да се овозможи детекција на миризбата на гасот на концентрација помала од 1/5 од најмалиот лимит на запаливост (околу 0,4% гас во воздухот). Како и да е, во одредени случаи каде миризбата може да предизвика штета во одреден процес (на пример во аеросол апликации), ЛПГ не е со додадена миризба. Е) Протекувањето на ЛПГ може да се примети не само по мирисот. Кога течноста испарува, ефектот на ладење на околниот воздух предизвикува кондензација, дури и замрзнување на водена пареа во воздухот. Овој ефект може да се покаже како мраз на местото на протекување и тоа го прави полесно детектирањето на слободен ЛПГ. Бидејќи индексот на рефракција на ЛПГ се разликува од тој на воздух, протекувањето понекогаш може да се види како „треперење“. Ж) Поради неговото брзо испарување и следствено намалување на температурата, ЛПГ, особено течниот, може да предизвика тешки изгореници доколку дојде во контакт со кожата. Треба да се ноци лична заштитна опрема (на пр. заштита за рацете и очите), доколку оваа опасност може да се случи. Резервоар кој содржел ЛПГ и сега е „празен“, може сеуште да содржи ЛПГ во гасовита состојба, па со тоа е потенцијално опасен. Во оваа состојба, внатрешниот притисок е приближно колку атмосферскиот.